УТРО.мк

Драматична ноќ во Русија: 12 загинати и десетици повредени во напад со дронови

Драматична ноќ во Русија: 12 загинати и десетици повредени во напад со дронови
Vero

Најмалку 12 лица загинаа, а 39 се повредени во напад со беспилотни летала врз градот Нижнекамск во руската република Татарстан, соопшти прес-службата на претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов.

Според досегашните информации, меѓу повредените има и едно дете. Вкупно 28 лица биле пренесени во болници, каде што им била укажана медицинска помош.

По нападот, дополнителни медицински екипи биле испратени од блискиот град Набережни Челни за да помогнат во справувањето со последиците.

Руските власти претходно соопштија дека украински беспилотни летала биле насочени кон индустриски и цивилни објекти во Нижнекамск. Миниханов наредил итна реакција на нападот, а во Татарстан бил прогласен Ден на жалост.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 456 украински беспилотни летала над повеќе руски региони, меѓу кои и Татарстан.

Се очекуваат дополнителни информации за обемот на материјалната штета и околностите на нападот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin