
Во изминатите 24 часа на територијата на земјава се регистрирани вкупно 26 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според последните информации, ниту еден од пожарите во моментов не е активен. Од вкупно 26 интервенции, еден пожар е ставен под контрола, додека преостанатите 25 се целосно изгаснати.
Под контрола останува пожарот на излезот од Крива Паланка, во близина на градската депонија. Надлежните служби продолжуваат со следење на состојбата на теренот за да се спречи повторно активирање на огнот.
Од ЦУК посочуваат дека сите останати регистрирани пожари во текот на изминатото деноноќие се локализирани и изгаснати.
Надлежните институции апелираат до граѓаните на особена внимателност при активности на отворен простор, особено во периодот со високи температури и зголемен ризик од пожари.

















