
Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила на 13 јули во 18:15 часот, кога се судриле мотоцикл „Хонда“, управуван од 41-годишниот Д.Ш. од Скопје, и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со кичевски регистарски таблички, управувано од 51-годишната Р.Т. од Кичево.
Во судирот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје, а причините за сообраќајката се утврдуваат.

















