
64-годишен жител на тетовското село Голема Речица пријавил злоупотреба на платежна картичка наменета за плаќање патарини и гориво во Европа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, непознат сторител ја искористил картичката на оштетениот за неовластена трансакција на бензинска пумпа во Италија. Тетовецот добил известување дека на 28 јуни 2026 година во 20:49 часот било извршено плаќање во износ од 886 евра за точење дизел гориво.
Оштетениот пријавил дека во тој период воопшто не се наоѓал во Италија и дека трансакцијата била извршена без негово одобрение.

















