УТРО.мк

Цените во Сплит „летнаа“: 700 евра за два дена во апартман без клима и интернет

Цените во Сплит „летнаа“: 700 евра за два дена во апартман без клима и интернет
Vero

Сместувањето во Сплит за време на туристичката сезона достигна рекордно високи цени, а почетокот на популарниот Ултра фестивал дополнително го зголеми притисокот врз пазарот за изнајмување станови.

Според хрватските медиуми, пребарувањата на платформите за резервација покажуваат неверојатни цени за краткорочно сместување, при што за само две ноќевања се бараат стотици, па и над илјада евра.

Меѓу најекстремните примери е апартман во самиот центар на Сплит, кој за период од петок до недела се нуди за 700 евра. Станот располага со основна опрема – шпорет, мијалник, микробранова печка и два стари кревети, од кои едниот е софа на расклопување, но нема клима уред ниту интернет.

Во близина на Хрватскиот народен театар во Сплит, за истиот период се нуди подобро опремен стан за едно лице по цена од 1.080 евра.

Високи цени се забележуваат и на други локации. Во Батине, за две ноќевања едно лице треба да плати околу 800 евра, додека стан на улицата Рендиќева се нуди за 1.450 евра, и тоа по намалена цена, откако претходно чинил 1.800 евра.

Растот на цените на сместувањето на Јадранот во последните години предизвика проблеми и за локалното население, особено поради сè поголемата недостапност на станови за долгорочно изнајмување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin