УТРО.мк

Тетово: Жена со „опел корса“ удрила во „ауди“ и избегала, повреден 20-годишник

Тетово: Жена со „опел корса“ удрила во „ауди“ и избегала, повреден 20-годишник
Vero

20-годишен жител на тетовското село Челопек пријавил дека бил повреден во сообраќајна незгода во Тетово, откако друго возило намерно удрило во неговиот автомобил и го напуштило местото.

Според пријавата во СВР Тетово, на 13 јули 2026 година околу 20:15 часот на улицата „Видео Смилевски-Бато“, Х.Ј. (20) управувал патничко возило „ауди“, кога паралелно со него се движело патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.П.

Како што е пријавено, возачката со „опел корса“ намерно удрила во десната страна од неговото возило, по што го напуштила местото на настанот.

На повредениот 20-годишник му била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin