УТРО.мк

Саудиска Арабија повторно удри во Јемен, Хутите предупредуваат на одговор

Саудиска Арабија повторно удри во Јемен, Хутите предупредуваат на одговор
Vero

Саудиска Арабија извршила воздушен напад врз аеродром во јеменскиот главен град Сана, соопштија бунтовниците Хути.

Генералот Јахја Сари, портпарол на Хутите, преку платформата „Телеграм“ изјавил дека нападите претставуваат крај на периодот на деескалација и најавил одговор.

„Оваа агресија нема да остане неказнета“, порача Сари, без дополнителни детали за евентуални жртви или материјална штета.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија со години е вклучена во конфликтот во Јемен, поддржувајќи ги силите кои се борат против Хутите, бунтовничка група поддржана од Иран која контролира голем дел од северниот дел на земјата, вклучително и Сана.

Засега нема независна потврда за деталите околу нападот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin