УТРО.мк

Судски удар за царините на Трамп: САД вратија 81 милијарда долари на компаниите

Судски удар за царините на Трамп: САД вратија 81 милијарда долари на компаниите
Vero

Американската влада досега им вратила 81 милијарда долари на компаниите како поврат на претходно наплатени царини, откако Врховниот суд пресуди дека значителен дел од тарифите воведени од претседателот Доналд Трамп биле незаконски.

Според најновите податоци за извршувањето на федералниот буџет, во тековната фискална година, која започна во октомври 2025 година, за поврат на царини се исплатени 81 милијарда долари. За споредба, во истиот период минатата година оваа сума изнесувала само 5 милијарди долари.

Од американското Министерство за финансии посочуваат дека драматичниот раст на исплатите речиси целосно произлегува од одлуката на Врховниот суд, при што најголемиот дел од повратите биле реализирани во текот на мај и јуни.

Царините беа една од клучните економски мерки на Трамп по неговото враќање во Белата куќа. Тој тврдеше дека со нив ќе се поттикне домашното производство, ќе се подобрат трговските договори и ќе се намали буџетскиот дефицит.

Но, по судската пресуда, федералниот буџет повторно е под притисок. Во првите девет месеци од фискалната година дефицитот достигнал 1,367 трилиони долари, што претставува раст од два проценти во споредба со истиот период лани.

Во меѓувреме, трошоците за сервисирање на американскиот национален долг надминале 1 трилион долари, што е зголемување од 14 проценти, додека воените расходи пораснале за пет проценти поради конфликтот на Блискиот Исток.

И покрај судската одлука, администрацијата на Трамп подготвува нов пакет царини. Привремената глобална царина од 10 проценти истекува на 24 јули, а новите мерки би можеле да ги опфатат Велика Британија, Јапонија, Индија, Тајван и Кина, со стапки од 10 до 12,5 проценти. Дополнително, Вашингтон најавува можни царини од 25 проценти за увоз од Бразил.

Трамп неодамна упати и остра порака до европските земји кои планираат воведување данок за дигиталните услуги на американските технолошки компании. Тој предупреди дека секоја држава што ќе воведе таков данок ќе се соочи со царини од 100 проценти за целиот свој извоз во САД, нагласувајќи дека тие мерки би имале предност пред сите постојни трговски договори со Соединетите Американски Држави.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin