УТРО.мк

Фатен е Александар Лазаров – Цуна: Заврши потрагата по бегалецот кој избега од полициската станица во Кочани

Фатен е Александар Лазаров – Цуна: Заврши потрагата по бегалецот кој избега од полициската станица во Кочани
Vero

Министерството за внатрешни работи официјално потврди дека е лишен од слобода Александар Лазаров (41) од Кочани, кој пред четири дена избега од Полициската станица во Кочани, по што по него беше распишана централна и меѓународна потерница.

Според МВР, Лазаров бил приведен на 14 јули во Скопје, по добиени оперативни информации, во акција на полициски службеници од СВР Скопје – Потраги.

„На 14.07.2026, по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Потраги, од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани, осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка“, соопштија од МВР.

Лазаров беше приведен под сомнение за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, но успеа да избега преку прозорец од Полициската станица во Кочани, по што беше покрената интензивна потрага.

Според неофицијални информации, тој и претходно бил осудуван и издржувал затворска казна за истото кривично дело. Првпат бил уапсен во Скопје, а потоа и во Кочани, а меѓу жителите на Кочани важи за лице поврзувано со трговија со дрога.

Неговото име беше спомнато и во истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Во исказ пред обвинител, сведокот Ана Томева изјави дека лице познато како „Цуната“ било главен дилер на дрога и дека повеќепати било апсено и повторно пуштано.

Во меѓувреме, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР спроведува истрага за да утврди дали има одговорност кај полициските службеници од кои Лазаров успеал да избега.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin