УТРО.мк

Англиските медиуми со сомнежи пред дуелот со Аргентина: „На Меси ќе му суди среќниот судија“

Англиските медиуми со сомнежи пред дуелот со Аргентина: „На Меси ќе му суди среќниот судија“
Vero

Изборот на главниот судија за полуфиналниот натпревар меѓу Англија и Аргентина на Светското првенство предизвика реакции во англиската јавност. Светската фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека правдата на вечерашниот дуел во Атланта ќе ја дели американскиот судија со мароканско потекло, Исмаил Елфат.

Негови помошници ќе бидат Кори Паркер и Кајл Аткинс, а одлуката на ФИФА беше проследена со критички коментари во дел од британските медиуми. „Дејли меил“ објави текст во кој посочува дека Лионел Меси повторно ќе игра на натпревар што го суди Елфат, нагласувајќи дека аргентинската ѕвезда досега победила на сите четири натпревари на кои овој судија делел правда откако Меси настапува во САД.

Според британскиот весник, токму ова повторно ги поттикнало сомнежите кај дел од англиските навивачи дека Аргентина би можела да има благонаклонет третман, иако за таквите тврдења нема докази.

За Елфат ова ќе биде четврти натпревар на Светското првенство што го суди годинава. Тој беше и четврти судија на финалето на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Британските медиуми потсетуваат и на неговите статистички показатели во американската МЛС лига пред почетокот на турнирот. На десет натпревари покажал 41 жолт и три црвени картони, а досудил и три пенали, што, според нив, укажува дека станува збор за судија со строг критериум.

Како пример го наведуваат и натпреварот меѓу Бразил и Норвешка во осминафиналето на ова Светско првенство, кога Елфат првично не досудил пенал за Бразил по прекршок врз Матеус Куња, но по интервенција од ВАР ја променил својата одлука и покажал на белата точка.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin