УТРО.мк

Божиновска со Ацевски за наодите и препораките од ревизиите во енергетскиот сектор

Божиновска со Ацевски за наодите и препораките од ревизиите во енергетскиот сектор
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски, на која биле разгледани клучните наоди, утврдените слабости и препораките од ревизиите спроведени во институциите и субјектите од енергетскиот сектор.

Божиновска истакна дека ревизорските извештаи не треба да бидат крај на процесот, туку основа за конкретни промени и подобрување на работењето на институциите.

„Ревизорскиот извештај не смее да биде последниот чекор, тој мора да биде почеток на конкретни промени. Секоја забелешка и препорака мора да добие институционален одговор, јасен рок и одговорност за постапување“, порача Божиновска.

Таа најави дека од надлежните институции ќе се бара изработка на акциски планови со конкретни мерки, рокови и назначени одговорни лица. Дополнително, ќе се воспостави механизам за следење на реализацијата на препораките и утврдување на причините доколку одредени мерки не бидат спроведени.

Според Божиновска, препораките на Државниот завод за ревизија не смеат да останат само констатации на хартија, туку мора да резултираат со конкретно институционално постапување.

Таа нагласи дека на овој начин може да се обезбеди поодговорно управување со јавните средства, поголема ефикасност во работењето и институции кои се во функција на интересите на граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin