УТРО.мк

ЛШ со спектакл од стартот: Реал – Интер и Ливерпул – Атлетико во првото коло

ЛШ со спектакл од стартот: Реал – Интер и Ливерпул – Атлетико во првото коло
Vero

УЕФА го објави комплетниот распоред за лигашката фаза од Лигата на шампионите за сезоната 2026/27, која уште од првото коло носи големи европски пресметки.

Првото коло ќе се игра од 8 до 10 септември, а во фокусот ќе бидат дуелите Реал Мадрид – Интер и Ливерпул – Атлетико Мадрид. Интересно ќе биде и во Неапол, каде што Наполи ќе го пречека Арсенал.

<strong>Прво коло:</strong>

Вторник, 8 септември:

  • АЕК – ЛАСК
  • Клуб Бриж – Астон Вила
  • Борусија Дортмунд – Виљареал
  • Порто – Манчестер Сити
  • Лил – Бетис
  • Реал Мадрид – Интер

Среда, 9 септември:

  • Барселона – Феенорд
  • Штутгарт – Викинг
  • Ливерпул – Атлетико Мадрид
  • ПСЖ – Слован
  • Спортинг – Галатасарај
  • Наполи – Арсенал

Четврток, 10 септември:

  • Фенербахче – Рома
  • ПСВ – Шахтјор
  • Комо – РБ Лајпциг
  • Баерн Минхен – Боде/Глимт
  • Манчестер Јунајтед – Сабах
  • Славија Прага – Ланс

Големи натпревари ќе има и во продолжението од лигашката фаза. Во октомври, Атлетико Мадрид ќе го пречека Манчестер Јунајтед, додека во третото коло ќе се сретнат Пари Сен Жермен и Барселона, а Баерн Минхен ќе игра против Арсенал.

Во ноември на програмата се уште неколку интересни пресметки. Барселона ќе биде домаќин на Астон Вила, Виљареал ќе игра против ПСЖ, а Манчестер Сити ќе се соочи со Наполи.

Завршницата на лигашката фаза исто така носи големи дуели. Во шестото коло се издвојува пресметката Барселона – Манчестер Сити, додека во седмото коло Спортинг ќе ја пречека Барселона.

Лигашката фаза ќе заврши на 27 јануари 2027 година, по што ќе бидат познати учесниците во нокаут-фазата.

Како и во претходниот формат, секој клуб во лигашката фаза ќе одигра осум натпревари, а сезоната 2026/27 уште од самиот старт ветува голем број европски фудбалски спектакли.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin