УТРО.мк

Почнува изградбата на новата Саат-кула во Тетово

Почнува изградбата на новата Саат-кула во Тетово
Vero

Во Тетово денеска официјално ќе биде означен почетокот на изградбата на Саат-кулата, проект што има за цел да го збогати културно-историското наследство на градот.

Според најавата од Општина Тетово, на свеченоста ќе присуствуваат министерот за култура Седат Сулејмани, градоначалникот на Тетово Биљал Касами и директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јорданоски.

По официјалниот дел од програмата, предвидено е присутните претставници на институциите да дадат изјави за медиумите.

Изградбата на Саат-кулата претставува еден од позначајните проекти поврзани со зачувување и афирмација на културното наследство во Тетово.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin