УТРО.мк

Проданоски: Вечна слава на хероите од Ножот, нивната жртва е симбол на непокорот и достоинството

Проданоски: Вечна слава на хероите од Ножот, нивната жртва е симбол на непокорот и достоинството
Vero

По повод 119 години од Битката на Ножот, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за сеќавање на македонските револуционери кои ги положиле своите животи во една од најзначајните битки од периодот по Илинденското востание.

„Денес се навршуваат 119 години од Битката на Ножот, еден од најсудбоносните и најкрвавите настани во македонската револуционерна борба по Илинденското востание“, посочи Проданоски.

Тој потсети дека на 14 јули 1907 година, на врвот Ножот, македонските револуционери, водени од идеалот за слобода, со голема храброст и саможртва се спротивставиле на многубројниот непријател.

„Во таа нерамноправна битка, 67 борци ги положиле своите животи, оставајќи неизбришлива трага во македонската историја. Нивната жртва е вечен симбол на непокорот, достоинството и љубовта кон Македонија“, порача градоначалникот на Прилеп.

Проданоски нагласи дека споменот на хероите од Ножот претставува обврска за зачувување на историската вистина, негување на националното единство и одговорно градење на иднината.

„Вечна слава на хероите!“, порача Проданоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin