На 06.11.2025, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од Кавадарци поради сомнение за кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен жител на Неготино позајмил околу 80.000 денари од нив со договор за враќање од по 20.000 денари неделно. Поради неплаќање на обврските, Н.С. и Р.С. постојано му пресметувале камата и го зголемувале долгот, па на крајот оштетениот исплатил над 700.000 денари.
По издадена судска наредба, полицијата извршила претрес во домот на осомничените, при што биле пронајдени предмети поврзани со делото. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.























