Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 ракети од различни типови.
„Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега се повредени 11 лица, меѓу нив и деца, а едно лице загина“, изјави Зеленски.
Според него, нападите биле насочени и кон регионите Харков, Киев, Полтава, Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
„Целите на терористите се истите — цивилното население, домовите, енергетската инфраструктура. Потребни се построги санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја започна,“ порача украинскиот претседател.























