УТРО.мк

Подгответе се за продолжен викенд – Ова е последниот за 2025

Подгответе се за продолжен викенд – Ова е последниот за 2025
Vero

Следен и последен неработен ден е 8 декември – што е и последен продолжен викенд годинава.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

  • 1јануари (среда), Нова Година,
  • 7јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
  • 30 март (недела), Рамазан Бајрам,првиот ден на Рамазан Бајрам, односно31 март (понеделник) е неработен ден,
  • 21април(понеделник), Велигден, вториот ден на Велигденспоред православниот календар,
  • 1 мај (четврток), Ден натрудот
  • 24 мај(сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
  • 2 август (сабота), Ден на Републиката,
  • 8 септември (понеделник),Ден на независноста,
  • 11 октомври (сабота), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,
  • 19јануари (недела), Богојавление (Водици),
  • 18 април(петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 6јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 21Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 1ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

  • 6 Јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

  • 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука


За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

  • 27јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

  • 8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

  • 23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

  • 2 октомври(четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

  • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

  • 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик
Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран