УТРО.мк

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата
Vero

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови. Меѓу нив се и музичарот проф. д-р Драган Даутовски, како и други истакнати научници и уметници од различни области.

Во редовни членови беа промовирани економистот Изет Зеќири и геологот Блажо Боев, додека како нови дописни членови се избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ (Одделение за општествени науки), проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов (Одделение за технички науки), проф. д-р Александар Узунов (Одделение за природно-математички и биотехнички науки) и проф. Жарко Башески, проф. Невзат Бејтули, проф. д-р Драган Даутовски и проф. д-р Иван Џепаровски (Одделение за уметност).

Дополнително, како нови членови надвор од работниот состав беа избрани проф. д-р Стојко Стојков, проф. д-р Светлана Мојсов, проф. д-р Гордан Караман и проф. д-р Сибила Петлевски, а за почесни членови – пензионираниот професор на Правниот факултет во Скопје Владо Поповски и долгогодишниот професор на Институтот за хемија Трајче Стафилов.

Изборот на овие 14 истакнати личности ја потврдува улогата на МАНУ како водечка институција во промоцијата на науката и уметноста во земјата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран