УТРО.мк

Премиера на документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов“ во Битола

Премиера на документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов“ во Битола
Vero

Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, вечерва во Кино Манаки премиерно беше прикажан долгометражниот документарен филм „Мојот вујко Стив Наумов“. На проекцијата присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со бројни гости, граѓани и претставници од јавниот и културниот живот на градот.

Филмот е посветен на народниот херој Стефан Наумов – Стив, учесник во НОБ кој загина во 1942 година во борба со бугарската полиција. Наумов е прогласен за народен херој на Југославија на 29 јуни 1945 година, а неговото дело и денес претставува значаен дел од локалната и националната историја.

Документарецот е во продукција на Македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ – Битола и е снимен на повеќе локации во градот. Во филмот за ликот и делото на Наумов зборува неговиот внук од сестра, Стефан Бошков, претседател на Општинската организација на Сојузот на борци во Битола.

Авторите на филмот, Шенол Мемиш и Дејан Младеновиќ, истакнаа дека преку ваквите дела сакаат да го поттикнат интересот на јавноста за колективното филмско искуство и за зачувувањето на историската меморија. Тие најавија дека до крајот на годината ќе следуваат уште неколку документарни проекти посветени на значајни личности и настани од македонската историја.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран