МВР наскоро ќе започне со изрекување казни за пешаците кои користат мобилен телефон додека ја преминуваат улицата. Периодот на информирање за новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот е при крај, а досега, на територијата на Скопје, полицијата издала 150 предупредувања.
Според новите законски измени, казната за пешак кој користи телефон на уво или во рака додека преминува пешачки премин изнесува 40 евра. Дополнително, ако возите тротинет, мотор или трактор додека користите електронски уред, казната ќе биде 50 евра.
Од МВР појаснуваат дека мерките се воведуваат по завршување на периодот на информирање и дека граѓаните треба да се запознаат со новите одредби за да се избегнат прекршоците.























