УТРО.мк

Младински хор од Солун ќе настапи во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

Младински хор од Солун ќе настапи во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани
Vero

Младинскиот хор од Музичкото училиште во Солун на 15 ноември ќе одржи концерт во малата сала на Македонската филхармонија. Настапот, насловен „Wandering Echoes“, ќе понуди програма составена од традиционални грчки песни и современи музички аранжмани.

Хорот го сочинуваат 39 девојчиња од средни училишта, под диригентство на Ангелики Крисила. Советникот за музичко образование во источен Солун, Андонис Константинидис, кој е одговорен за проектот, изјави дека концертот ќе има и посебен хуманитарен и симболичен момент.

На настапот ќе присуствуваат и десет деца од Кочани. Тие ќе бидат гости на хорот и за нив е подготвено мало изненадување, вклучувајќи дружење и заеднички ручек.

Константинидис посочи дека настанот е во чест на сите кои ги загубиле животите во трагедии, како во Кочани, така и на други места.

Хорот има долга традиција и бројни меѓународни настапи, а овој концерт се реализира по покана на Амбасадата на Грција во Скопје, во соработка со Солунскиот државен симфониски оркестар, како дел од програмата за балканска културна соработка.

Влезот е бесплатен, но потребна е претходна регистрација на линкот: https://forms.gle/eJmVgVnydVcmxdxk8

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран