На 09.11.2005 година, Европската комисија ја одобри кандидатурата на Македонија за членство во Европската унија и му препорача на Европскиот совет да ѝ додели статус на кандидат. Дури 20 години подоцна, и покрај исполнетите услови, преговорите за членство сè уште не се започнати.
Главните пречки се непринципиелните барања на Грција за промена на името на земјата и барањата од Бугарија за решавање на историски и идентитетски прашања. Овие долгогодишни спорови ја одложија евроинтеграцијата и ја ограничуваат можноста на Македонија целосно да се интегрира во европските структури.
Експертите оценуваат дека и покрај успешните реформи и напредокот во владеењето на правото, регионалните политички блокади продолжуваат да ја одложуваат перспективата за членство во ЕУ.























