УТРО.мк

Седуммина осомничени за фалсификување возачки дозволи во бегство, ОЈО бара притвор за тројца

Седуммина осомничени за фалсификување возачки дозволи во бегство, ОЈО бара притвор за тројца
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 27 лица осомничени дека како соизвршители учествувале во фалсификување исправи и незаконско издавање возачки дозволи.

Според обвинителството, меѓу осомничените е и вработена во МВР – Одделението за управни работи Скопје, која во периодот од септември 2020 до август 2026 година, со користење на службената шифра и овластувањата во електронскиот систем, незаконски менувала барања за издавање возачки дозволи.

Во одредени случаи, таа отфрлала веќе оформени барања и креирала нови, во кои внесувала категории за кои подносителите не ги исполнувале законските услови. По измените, барањата биле одобрувани и биле издавани возачки дозволи со невистинита содржина.

Досега се утврдени сомненија и за четири лица кои, според ОЈО, дејствувале како посредници. Тие пронаоѓале заинтересирани лица, ги поврзувале со службеничката и ја координирале постапката до незаконското внесување и одобрување на категориите.

Корисниците на дозволите, иако не ги исполнувале законските услови за одредени категории, потоа ги употребувале фалсификуваните исправи како вистински.

За вработената во МВР и за уште две лица кои повеќепати ги употребувале лажните дозволи при управување возила во меѓународен превоз на патници и стоки, јавниот обвинител побарал определување мерка притвор.

За 17 лица се предложени мерки на претпазливост, додека седуммина од осомничените во моментов се недостапни за органите на прогонот.

Од ОЈО Скопје велат дека истрагата продолжува, при што се проверува можна инволвираност на други вработени во МВР, посредници и корисници на фалсификуваните документи, како и можни други злоупотреби поврзани со издавањето и користењето на возачките дозволи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin