УТРО.мк

Трагедија во Скопје: Татко и 18-годишен син загинаа, тројца млади тешко повредени

Трагедија во Скопје: Татко и 18-годишен син загинаа, тројца млади тешко повредени
Vero

Две лица ги загубија животите, а три други се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 2 часот по полноќ на општинскиот пат Илинден–Миладиновци, во близина на полициската база Брест кај Меѓународниот аеродром Скопје.

Според информациите од Јавното обвинителство, во несреќата директно се судриле автомобил „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 19-годишен кумановец, и „Хјундаи и30“, управуван од 51-годишен жител на Марино.

На местото на несреќата починале 51-годишниот возач на „Хјундаи“ и неговиот 18-годишен син. Тешко повредена е и 18-годишната ќерка на загинатиот.

Во несреќата тешки телесни повреди се здобиле и 19-годишниот возач на „Опел корса“ и неговиот 19-годишен сопатник. Двајцата биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.

На местото на несреќата бил извршен увид од дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, вешто лице и увидни екипи на Министерството за внатрешни работи.

Јавниот обвинител издал наредби за обдукција на двете починати лица, а се преземаат дополнителни дејствија за утврдување на причините и околностите под кои се случила трагичната несреќа.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin