УТРО.мк

Во сообраќајна несреќа загина 21-годишниот фудбалер Даниел Николовски

Во сообраќајна несреќа загина 21-годишниот фудбалер Даниел Николовски
Vero

Фудбалскиот клуб Тетекс ја потресе веста за смртта на 21-годишниот Даниел Николовски, кој животот го загубил по полноќ во сообраќајна несреќа што се случила на патот Гостивар–Маврово.

Од ФК Тетекс соопштија дека Николовски бил дел од младинските категории на клубот, а својата љубов кон Тетекс ја продолжил и како член на сениорскиот тим.

„Со голема жал и длабока болка ја споделуваме веста дека на 12.09.2026 година го загубивме нашиот Даниел. Даниел беше дел од младинските категории на ФК Тетекс, а својата љубов кон клубот ја продолжи и како дел од сениорскиот тим. Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб“, соопштија од клубот.

Николовски во текот на кариерата настапувал и за германскиот клуб Релинген Фремерсдорф, како и за ФК Хрватски витез од Задар. Од летово бил дел од третолигашот Дрита од Боговиње.

Од ФК Тетекс изразија најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и сите кои го познавале младиот фудбалер.

„Почивај во мир, Даниел. Летај високо, ангелу“, порачаа од клубот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin