УТРО.мк

Нови детали за убиството во Скопје: Двајца осомничени добија кривична пријава

Нови детали за убиството во Скопје: Двајца осомничени добија кривична пријава
Vero

Полицијата поднесе кривична пријава против две лица во врска со убиството на 26-годишниот А.М. од Скопје, кој беше застрелан во близина на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.

Од МВР информираат дека Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, по преземените мерки и активности, до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против Р.К. и И.С. поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Според пријавата, настанот се случил на 6 септември 2026 година, околу 23:30 часот. Во близина на наведената раскрсница, од мотоцикл на кој имало две лица било пукано со огнено оружје кон група лица.

При пукањето бил погоден А.М., по што со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. И покрај укажаната медицинска помош, тој им подлегнал на повредите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin