
Полициски службеници од СВР Битола вчера лишиле од слобода 67-годишен битолчанец, откако при претрес во неговиот дом било пронајдено оружје.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 11 септември во 17:30 часот бил лишен од слобода Р.Д. (67) од Битола.
Претресот во неговиот дом бил извршен со наредба од Основниот суд Битола. При претресот биле пронајдени и одземени три пушки и три пиштоли.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

















