УТРО.мк

Пронајден кокаин кај 23-годишник од Охрид

Пронајден кокаин кај 23-годишник од Охрид
Vero

Денеска (02.10.2026), мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид, во рамки на преземените мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во 00:15 часот, на локалниот пат во село Радолишта, струшко извршил преглед над лицето Е.М.(23) од Охрид, при што биле пронајдени неколку паковки со кокаин.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга.

Од страна на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран