УТРО.мк

Нов обид за разговор со Бугарија: Муцунски побарал средба во Софија

Нов обид за разговор со Бугарија: Муцунски побарал средба во Софија
Vero

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски официјално побарал средба со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија потврдија дека барањето е испратено денеска, а средбата би можела да се одржи следната недела во Софија, на маргините на министерскиот состанок посветен на Коридорот 8.

Барањето следува откако премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека Муцунски ќе побара билатерална средба со неговата бугарска колешка.

Мицкоски рече дека од фон дер Лајен добил совет како прв чекор да се побара официјална билатерална средба за време на престојот на Муцунски во Софија.

„Веднаш побарав од министерот да испрати дипломатска нота и да побара време за средба и состанок со неговата колешка и да почнеме, процесот од некаде да го движиме“, изјави Мицкоски.

Премиерот посочи дека со претседателката на Европската комисија разговарале и за предизвиците во односите со Бугарија. Според него, доколку од Македонија се очекуваат одлуки со долгорочни последици, оправдано е да се очекува и јасна европска перспектива за понатамошниот процес.

Целта, како што наведе, не е одложување на процесот, туку создавање услови тој да продолжи на стабилна и одржлива основа.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран