УТРО.мк

Приведен 46-годишник за подметнување пожар

Приведен 46-годишник за подметнување пожар
Vero

Синоќа во велешкото село Горно Оризари полицијата приведе 46-годишен жител со иницијали Е.Л., кој со запалка запалил сува трева на отворен простор, предизвикувајќи пожар. Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица Велес, огнот бил локализиран и изгаснат пред да се прошири.

Осомничениот бил спроведен во полициска станица, а случајот е пријавен до јавен обвинител. Од МВР соопштија дека по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна кривична пријава.

Истиот ден, на територијата на државата биле регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор. До вечерните часови, активен останал само еден кај селото Тумчевиште во Општина Врапчиште, три биле ставени под контрола, а 11 целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран