УТРО.мк

Скопјанец обвинет за тероризам – Ова е причината

Скопјанец обвинет за тероризам – Ова е причината
Vero

26-годишен скопјанец е обвинет за кривично дело тероризам откако на 16 август пријавил на 192 дека е поставена бомба во авион кој требало да полета од Меѓународниот аеродром Скопје кон Анталија, Турција. Како резултат на пријавата, аеродромот бил неколку часа затворен и летовите времено запрени.

Надлежните активирале протоколи за антитерористичка проверка и по повеќечасовна контрола утврдиле дека станува збор за лажна пријава. Скопјанецот, кој го создал стравот кај патниците и пореметил воздушниот сообраќај, при службен разговор признал дека ја сторил пријавата.

На 20 август, со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Кисела Вода, при што биле одземени предмети поврзани со настанот. Основното јавно обвинителство Скопје достави предлог за мерка притвор за осомничениот.

Кривичниот законик предвидува казна затвор од најмалку осум години за вакво кривично дело.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран