Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата донела одлука за набавка на 100 нови, модерно опремени амбулантни возила. Тој истакна дека обновата на возниот парк во јавните медицински установи е главен приоритет, поради сегашната алармантна состојба, кога многу возила се донации.
Новите амбулантни возила ќе бидат распределени во здравствените установи ширум државата, со цел подобрување на итната медицинска помош и поддршка на граѓаните.