19-годишниот Е.Н. од Велешта го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Струга–Дебар, откако неговото возило излетало од коловозот. Лекар од Итна медицинска помош само констатирал смрт на местото на несреќата.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга, а телото на починатиот, по наредба на јавен обвинител, било предадено на обдукција за да се утврдат сите околности што довеле до трагедијата. Полицијата истражува дали несреќата била предизвикана од техничка неисправност на возилото или од условите на патот.