УТРО.мк

Тетовчанка измамена за 2.000 евра со лажна приказна за сообраќајка

Тетовчанка измамена за 2.000 евра со лажна приказна за сообраќајка
Vero

83-годишна жена од Тетово пријавила во полиција дека била измамена за 2.000 евра. Таа на 20 август околу 12:40 часот во СВР Тетово изјавила дека добила телефонски повик од непознато лице, кое ѝ соопштило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во Скопје во која загинало малолетно лице.

Лицето ѝ рекло дека, доколку не сака ќерката да заврши во затвор, треба да донесе пари во Скопје. Жената поверувала и ја предала сумата на договорено место. Подоцна, кога се слушнала со својот зет, сфатила дека станува збор за измама.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран