УТРО.мк

Средба на Божиновска и Љатифи со претставници на KfW за енергетска инфраструктура и регионална поврзаност

Средба на Божиновска и Љатифи со претставници на KfW за енергетска инфраструктура и регионална поврзаност
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и директорот на МЕПСО г Бурим Љатифи остварија работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, посветена на унапредување на соработката во делот на енергетската инфраструктура и регионалната интерконекција.

 

На средбата беше разговарано за неколку клучни проекти во партнерство со АД МЕПСО, кои се од стратешко значење за стабилноста и модернизацијата на електроенергетскиот систем:

• Подготовка на нов Правилник за мрежата (Grid Code) усогласен со новиот Закон за енергетика и Четвртиот енергетски пакет на ЕУ. Во рамки на ова, ќе се обезбеди техничка помош, а постапката за набавка ќе биде спроведена според процедурите на KfW.

• Интерконектор Северна Македонија – Косово (400 kV): како прв чекор, ќе се изработи прет-физибилити студија која ќе ги опфати потенцијалните траси и еколошките аспекти. За ова е договорена заедничка апликација до WBIF за техничка помош и понатамошна поддршка на проектот.

• Јакнење на електропреносната мрежа со приоритетни линии:

• 110 kV Струја – Куманово – Крива Паланка,

• 400 kV Штип – Радовиш – Струмица – Петрич/Сандански (Бугарија).

 

Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за продолжување на билатералните средби и за убрзување на процесите со цел обезбедување сигурен и модерен електроенергетски систем, подготвен да го апсорбира растот на обновливите извори на енергија.

 

Регионалното поврзување и модернизацијата на електропреносната мрежа се предуслов за стабилен и сигурен енергетски систем. Соработката со KfW е значаен поттик за реализација на проекти што ја зајакнуваат позицијата на Северна Македонија во европската енергетска мапа и го поддржуваат енергетскиот транзициски процес,“ изјави министерката Сања Божиновска.

 

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и натаму ќе работи на забрзување на стратешките инвестиции во енергетиката, во партнерство со меѓународните финансиски институции и домашните енергетски компании.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран