УТРО.мк

Успешна трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија – нова етапа во македонската хирургија

Успешна трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија – нова етапа во македонската хирургија
Vero

На Универзитетската клиника за ортопедија е изведена најсложената трансплантација на коска досега во Македонија, со што се отвора ново поглавје во современата ортопедска хирургија.

Пациент на возраст од 64 години, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин.

Операцијата се одвиваше во два акта – првиот го предводеше проф. д-р Милан Самарџиски заедно со тимот во кој беа спец. д-р Бојан Будиќ, д-р Теодора Тодорова и д-р Гоце Гулески, додека во вториот дел пластичната реконструкција ја изведе тимот на д-р Томислав Јовановски. За анестезија беше задолжена проф. д-р Јасминка Нанчева, со асистенција на анестетичарот с. Јована Илиева.

Клучна поддршка во операционата сала дадоа инструментарките Ерзен Муртезани и Татјана Дукадиновска, болничарот Дардан Синани и рентген техничарот Силвана Станковска.

Со успешното изведување на овој зафат, македонската ортопедија добива нова референтна точка и потврда за способноста на домашните хируршки тимови да реализираат интервенции од највисок степен на сложеност.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран