УТРО.мк

Важни информации за патување на Македонците во ЕУ

Важни информации за патување на Македонците во ЕУ
Vero

Правилата за патување во Европската Унија преку новите системи EES (Entry/Exit System) и ETIAS (European Travel Information and Authorisation System) се одложени за Македонија и ќе почнат да важат од идната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на средба во Стопанската комора, по покана на претседателот Бранко Азески.

Николоски нагласи дека Владата е во постојана комуникација со ЕУ институциите за да се обезбеди непречено патување на македонските граѓани и да се избегнат компликации при влез во Шенген зоната. „Она што сме информирани е дека постојниот систем на ЕУ се дигитализира, технологијата напредува и во таа насока треба да се почитува она што го воведува ЕУ, но истовремено да се внимава да не се отежни процедурата за македонските граѓани“, изјави Николоски.

Бизнис-заедницата, пак, предупредува дека новите протоколи ќе бидат дополнително оптоварување за транспортните оператори, кои се ставаат во неповолна положба во однос на европските компании поради ограничувањата за професионалните возачи (90 дена во рок од 180 дена).

Според најновите информации, системот EES ќе стартува на 12 октомври 2025 година и во рок од шест месеци ќе биде имплементиран во 29 европски земји, додека целосната примена ќе започне на 10 април 2026 година. Од тој момент електронски ќе се пресметуваат деновите на престој во Шенген зоната. За ETIAS, пак, Европската Унија дополнително ќе го објави точниот датум на почетокот неколку месеци пред неговото воведување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран