УТРО.мк

Сменет американски генерал поради извештај за Иран што го налути Трамп

Сменет американски генерал поради извештај за Иран што го налути Трамп
Vero

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го разреши генерал-потполковник Џефри Круз од функцијата директор на Одбранбената разузнавачка агенција (DIA), јавува CNN повикувајќи се на извори од Белата куќа.

Одлуката доаѓа по контроверзниот извештај на агенцијата за штетата врз иранските нуклеарни постројки по американските напади, кој директно му противречеше на американскиот претседател Доналд Трамп и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во документот се наведувало дека ударите го забавиле иранскиот нуклеарен програм само за неколку месеци, додека официјалните изјави тврдеа дека штетата е многу поголема.

Смената на Круз е најнова во серијата потреси во американскиот воен и разузнавачки врв. Одлуката следи неколку месеци по протекувањето на деталите од извештајот во медиумите, што дополнително ги влоши тензиите меѓу Пентагон и Белата куќа.

Хегсет во јуни јавно ги обвини медиумите за „пристраност против војската“, но не презентираше докази за целосното уништување на иранските нуклеарни објекти.

Истовремено, Пентагон оваа недела објави дека началникот на американското Воено воздухопловство, генерал Дејвид Олвин, ќе замине во пензија две години порано од планираното.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран