УТРО.мк

Трамп: Путин би можел да дојде на Светското првенство во фудбал

Трамп: Путин би можел да дојде на Светското првенство во фудбал
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека извлекувањето на групите за Светското првенство во фудбал 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, ќе се случи на 5 декември во „Кенеди центарот“ во Вашингтон.

Трамп најави дека на Мундијалот како гостин можно е да присуствува и рускиот претседател Владимир Путин. „Верувам дека ќе дојде, но сè зависи од околностите. Можеби ќе дојде, можеби не“, изјави Трамп, покажувајќи фотографија од неодамнешната средба со Путин на Алјаска.

На новинарско прашање во врска со рускиот напад врз американска компанија во Украина, Трамп одговори дека „не е среќен поради тоа“ и додаде дека наредните недели ќе бидат клучни за понатамошниот развој на конфликтот. „Подобро е да бидам многу среќен“, нагласи тој.

Претседателот на САД истакна дека Светското првенство ќе има огромен економски ефект врз земјата, носејќи над 30 милијарди долари и создавајќи околу 185.000 нови работни места. „Ниту еден спортски настан не привлекува толку многу внимание и навивачи. Со нетрпение го очекувам ждрепката“, додаде Трамп, во друштво на потпретседателот Џ. Д. Ванс и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Изборот на „Кенеди центарот“ за домаќин на ждрепката повторно го стави овој културен објект во фокус на јавноста, откако Трамп годинава ја смени целата управа и се постави себеси за претседател на одборот. Промените предизвикаа бојкот од уметници и пад на продажбата на билети, а дел од републиканците предложија институцијата да се преименува во „Трамп Кенеди центар“.

„Некои велат дека треба да го носи моето име, но за тоа ќе разговараме наскоро“, заклучи Трамп.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран