Центарот за управување со кризи информира дека во текот на 22 и 23 август на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, 17 се целосно изгаснати, додека еден пожар во општина Македонски Брод – на повеќенаменското подрачје „Јасен“ – е ставен под контрола.
Изгаснатите пожари се лоцирани во повеќе региони, меѓу кои Охрид, Кичево, Битола, Прилеп, Кавадарци, Гостивар, Струмица и други општини. Станува збор претежно за пожари на ниска вегетација и шуми, како и на депонии и ѓубришта.
Од ЦУК апелираат за зголемена внимателност, особено во периоди со високи температури и суво време, кога ризикот од пожари е значително поголем.