УТРО.мк

Кичево на светската сцена: КУД „Бисер“ се бори за најубава македонска носија во Полска

Кичево на светската сцена: КУД „Бисер“ се бори за најубава македонска носија во Полска
Vero

Во Закопане, Полските Карпати, се одржува 56-то издание на Меѓународниот фестивал на фолклорот на планинските предели, еден од најстарите и најпрестижни во Европа. Настанот трае од 15 до 21 август 2025 година на платото „Górna Rówień Krupowa“, со натпревари што секојдневно почнуваат во 10 часот.

Десетици ансамбли од целиот свет се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Ciupaga, а меѓу нив оваа година учествуваат и нашите претставници од КУД „Бисер“ – Матеа Ѓорѓиоска и Александар Донески од Кичево, кои се борат за признание за најубава македонска народна носија.

Гласањето е едноставно – со реакција „Ми се допаѓа“ на фотографиите. Натпреварот завршува утре, 21 август (четврток) во 12:00 часот, пред финалната вечер.

За 🇲🇰 носија од Матеа кликни – ТУКА / За 🇲🇰 носија од Александар кликни – ТУКА

Фестивалот досега собрал над 700 странски и 200 полски ансамбли, претставувајќи вистински мост меѓу културите и празник на народниот идентитет.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран