Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес присуствуваше на саемот на отчетност на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, каде беа презентирани резултатите од изминатите четири години.

„Гордост е да се видат резултатите од изминатите четири години работа за граѓаните – стотици реализирани проекти кои значат подобар живот во општина Битола. Четири години работа за тебе. Продолжуваме уште посилно за Битола и за Македонија!“, истакна Коњановски.

Тој порача дека општината ќе продолжи со посветеност на реализација на нови инфраструктурни и развојни проекти, со цел уште подобри услови за живот на сите битолчани.