Триесетгодишен жител на селото Лера е приведен во Битола поради насилен инцидент во кој со остар предмет повредил млад битолчанец и ја нападнал својата поранешна сопруга, информира СВР Битола.
Настанот се случил синоќа околу 21:40 часот, кога осомничениот Џ.Р. најпрво во пекарница физички го нападнал 25-годишниот И.Л., брат на неговата поранешна сопруга, нанесувајќи му повреди со остар предмет. Потоа, со употреба на сила, ја внел во возило својата 23-годишна поранешна сопруга и физички ја претепал.
Полицијата брзо интервенирала и го лишила од слобода напаѓачот. За случајот е известено Јавното обвинителство, а по целосна обработка ќе биде поднесена кривична пријава.