УТРО.мк

ТЕТОВКА БАРА 100.000 ЕВРА ОТШТЕТА – ТВРДИ ДЕКА ДОБИЛА КОВИД ОД ВЕЌЕ КОРИСТЕНО СТАПЧЕ ЗА БРИС

ТЕТОВКА БАРА 100.000 ЕВРА ОТШТЕТА – ТВРДИ ДЕКА ДОБИЛА КОВИД ОД ВЕЌЕ КОРИСТЕНО СТАПЧЕ ЗА БРИС
Vero

Жителка на Тетово побара отштета од 100.000 евра од Центарот за јавно здравје, обвинувајќи за негрижа и сериозен пропуст при земање ковид-брис во 2021 година.

Според тужбата, на жената ѝ бил направен тест со стапче кое претходно било користено на пациент позитивен на коронавирус. Пет дена подоцна и самата добила позитивен резултат, по што, како што наведува, се соочила со здравствени проблеми – отежнато дишење, страв, срцебиење и психичка криза.

Судското вештачење ѝ дало поддршка во дел од наводите за претрпена штета, но Основниот суд во Тетово ја одби тужбата, повикувајќи се на недостиг на цврсти докази и на застареност на случајот. Тужителката беше задолжена да ги плати и судските трошоци во износ од 41.400 денари.

Инспекциската служба при надзорот констатирала пропуст кај здравствениот работник, кој бил дисциплински санкциониран со намалување на платата за 20 проценти во период од пет месеци.

Апелациониот суд во Гостивар ја поништи првичната пресуда и го врати предметот на повторно разгледување, отворајќи нов правен тек за случајот кој предизвикува големо внимание во јавноста.

Извор: hypetv

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран