УТРО.мк

Димовски: Државата постои за да го заштити секој Македонец, каде и да е

Димовски: Државата постои за да го заштити секој Македонец, каде и да е
Vero

Македонската држава е форма без суштина ако не се грижи и за Македонците без државјанство, смета експратеникот

Поранешниот пратеник Илија Димовски за смислата на постоењето на македонската држава во објава на Икс.

Република Македонија е единствена национална татковина на македонскиот народ и таа има свое jus naturalis (природно право) да се грижи за правата на Македонците, без разлика дали тие имаат, или не, формален однос со неа изразен преку државјанство.

Република Македонија не е само административен ентитет, туку таа е conditio sine qua non (услов без кој не постои) на македонскиот историски проект.

Ако државата не го заштити секој Македонец, внатре и надвор од границите, ако не го заштитува природното право да се биде Македонец, тогаш таа и ја губи смислата на нејзиното формирање. Таа станува форма без својот извор на суштина“, констатира Димовски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран