Во последните 30 години, Европа се соочува со драматични демографски промени – некои држави бележат рекорден пораст, додека други изгубија речиси третина од своето население. Податоците се засноваат на извештајот на Обединетите нации „World Population Prospects 2024“.
Најголем раст
Луксембург е рекордер со пораст од 74%, следна е Турција со 56%, Исланд со 52%, а Ирска и Малта со повеќе од 45%. Значителен пораст бележат и Швајцарија (+32%), Норвешка (+30%) и Шведска (+23%).
Стабилен раст бележат и западните економии: Франција (+17%), Германија (+6%), Велика Британија (+20%) и Италија (+4%).
Најголем пад
Спротивно на тоа, Источна Европа и поранешниот СССР се соочија со најтежок демографски удар. Најголем пад бележи Бугарија со -31%, а веднаш зад неа е Летонија со -29%, Украина со -28%, Литванија со -23%, Унгарија со -7% и Србија со -14%. Сличен тренд има и во Молдавија (-26%), Хрватска (-11%) и Грција (0%).
Балканот во целина е меѓу најпогодените региони: Босна и Херцеговина изгуби 28% од жителите, Србија 14%, а Македонија 11%. Црна Гора пак забележила раст од 2%.
Разликата меѓу западниот и источниот дел на континентот никогаш не била поголема. Додека економски посилните земји бележат стабилен пораст благодарение на миграција и повисок наталитет, голем дел од Источна Европа се празни – комбинација од емиграција, стареење на населението и ниска стапка на раѓања.