На 22 август 2025 година, во 12:10 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар–Кичево се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила – „Фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (48) од Гостивар, „Пежо“ со српски национални ознаки, управувано од М.Р. (38) од Република Србија и „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (67) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од „Пежо“-то, А.А., додека полесни повреди добиле сопатниците Т.Р. и З.Р. од истото возило, како и возачот на „Голф“-от, Б.А. Повредите им биле констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.
Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа на ОВР Гостивар, а се работи на целосно расветлување на случајот.