Путин најави можни заеднички проекти со САД во енергетиката
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија разгледува соработка со САД во областа на енергетиката на Арктикот и Алјаска. Тој истакна дека технологиите кои ги поседува Русија за работа на Арктикот се уникатни и предизвикуваат интерес кај партнерите, вклучително и САД, пренесува Спутник.
Путин нагласи дека за Русија клучен е суверенитетот и дека неговата загуба би значела крај на постоењето на земјата во сегашната форма. „Има земји кои функционираат без суверенитет, но Русија не е една од нив“, рече тој.
Рускиот лидер потсети дека доаѓањето на Доналд Трамп на функцијата претседател на САД отвори „светло на крајот од тунелот“ за обнова на односите меѓу двете земји. Путин додаде дека понатамошниот напредок зависи од Западот и од раководството на САД.
„Сметам дека лидерските способности на претседателот Трамп се гаранција за обновување на нашите односи и се надевам на нивно понатамошно унапредување“, заклучи рускиот претседател.