УТРО.мк

Зеленски: Кина не може да биде гарант за мирот во Украина

Зеленски: Кина не може да биде гарант за мирот во Украина
Vero

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Киев нема потреба од безбедносни гаранции од Кина, бидејќи Пекинг не успеал да го спречи или запре конфликтот меѓу Русија и Украина.

Зеленски нагласи дека Кина „не направила ништо“ за да го спречи отцепувањето на Крим во 2014 година, ниту пак реагирала кога руската агресија ескалирала во февруари 2022 година. „Затоа, не ни требаат гаранти кои не ни помогнаа тогаш, кога тоа беше навистина неопходно“, изјави тој.

Изјавата на Зеленски доаѓа по коментарите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој предложи идните безбедносни гаранции за Украина да можат да бидат обезбедени и од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, меѓу кои и Кина.

Кина досега се позиционираше како неутрална страна во војната, одбивајќи да се приклучи на санкциите против Москва и повикувајќи на мировни преговори. Во 2023 година Пекинг објави меморандум со 12 точки, со кој бараше прекин на огнот, заштита на цивилите и укинување на едностраните санкции.

По неодамнешниот самит меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во Алјаска, Кина соопшти дека ги поддржува сите напори за мирно решавање на украинската криза и поздрави што Москва и Вашингтон ја зајакнуваат комуникацијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран