УТРО.мк

Трамп не ја исклучува можноста за нови „масовни санкции“ против Москва

Трамп не ја исклучува можноста за нови „масовни санкции“ против Москва
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека во следните две недели ќе биде појасно дали постои можност за напредок во мировните напори за ставање крај на војната во Украина. Тој најави дека, доколку нема резултати, САД би можеле да воведат нови, како што ги нарече, „масовни санкции“ врз Русија.

„Ќе видиме што ќе се случи. Ако нема напредок, ќе донесеме одлука за санкциите. Тоа нема да биде лесна одлука, но можеби ќе биде неопходна“, изјави Трамп.

Тој додаде дека не е задоволен од досегашните мировни напори, потенцирајќи дека длабоката омраза меѓу завојуваните страни претставува сериозна пречка за дијалог. Според него, украинскиот и рускиот претседател – Володимир Зеленски и Владимир Путин – треба да се сретнат сами и директно да разговараат.

„Би сакал тие да се погледнат еден со друг и сами да разговараат, без посредници. Искрено, не би сакал јас да бидам таму, иако ако треба – ќе бидам“, рече американскиот претседател.

Претходно, Зеленски обвини дека Русија прави сè за да ја спречи неговата средба со Путин. Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, од Киев порача дека Алијансата заедно со Украина работи на воспоставување силни безбедносни гаранции за да се спречи нова агресија од Русија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран